WaterWipes Влажни Марамици - Пакет 12x60 Original price was: 3,000.00 ден.Current price is: 2,700.00 ден.
Назад кон производи
Haakaa Школка - Сет од 2 2,200.00 ден – 2,880.00 ден

Haakaa Школка

SKU: Не е достапно

Пумпа за гради, колектор на млеко – зошто да не и двете? Ве запознаваме со Силиконската Школка, пригоден спој на нашата силиконска пумпа за гради и колектор на млеко Бубамара!

Овој убав мал уред делува како пумпа за во движење, што го прави идеален за оние денови кога треба да се измолзете, но имате и други обврски да завршите. Едноставно стиснете ја и нанесете ја на градата, облечете го градникот и продолжете со денот! Јачината на вшмукувањето можете да ја регулирате со брзо прилагодување на вентилот. Од друга страна, ако само сакате да го соберете вишокот млеко кое ви тече, извадете го приклучокот за да нема вакуум, ставете ја школката на градникот и пасивно собирајте го млекото.

Школката лежи рамно на површина кога е време да се испразни, спречувајќи излевање на млеко, а отворот за истурање ви овозможува да го пренесете вашето скапоцено течно злато во шише или кесе за чување без никаков неред. Лесна за користење, лесна за чистење, Haakaa Школката е совршена опција за мајки на кои им треба и пумпа и колектор.

1,230.00 ден – 1,570.00 ден

120мл
75мл
Достава

Нарачките се доставуваат за 1-3 работни дена. Доставата е бесплатна за нарачки над 1999 ден.

Грижа за производот

Пратете ги насоките наведени во описот за грижа, чистење и оддржување на производот.

Опис

Пумпа и Колектор

2-ВО-1 Пумпа и Колектор: Haakaa Школката нуди лесно измолзување со континуирано вшмукување или може да се користи и како колектор на млеко, обезбедувајќи ефикасно собирање млеко без отпад.

Карактеристики
  • Двојна алтернатива на носење пумпа и влошки за гради.
  • Едноставно притиснете за да активирате континуиран природен вакуум.
  • Дискретен дизајн без потреба од држење за удобно измолзување било каде, во секое време.
  • Направено од врвен 100% медицински силикон – безбеден за вашата кожа и мајчиното млеко.
  • Еднонасочниот вентил го контролира притисокот за удобно користење и отстранување.
  • Лесно истурање на собраното млеко и спречување на излевање при истурање.
  • Конкавен дизајн според обликот на вашите гради за посигурно вклопување.
  • Школката е стабилна кога е легната на грб за да се избегне истурање млеко по употреба.
  • Пренослива и лесна за патување – не се потребни кабли или батерии.
  • Едноделен дизајн за лесна нега – се стерилизира во вриечка вода.
  • Без БПА, ПВЦ и фталати.
Начин на Користење

Чистење и Нега

Измијте се пред и после секоја употреба. Иако може да се мие во машина за садови, препорачуваме рачно миење со топла вода со сапуница и темелно испирање. За да го исчистите вентилот, користете мала четка или истурете топла вода. За стерилизирање, користете стерилизатор на пареа или варете во вода 2-3 минути. Кога стерилизирате, проверете дали капачето е отворено за да спречите потенцијална деформација на силиконот. За чистење на овој производ треба да се користат само четки со меки влакна или меки сунѓери бидејќи тврдите бришачи може да ја изгребат површината. Не користете никакви средства за чистење или таблети базирани на белило за чистење или стерилизирање на вашите Haakaa производи. Чувајте го производот на ладно и суво место и избегнувајте директна сончева светлина.

 
 
Внимание
  • Редовно проверувајте ја состојбата на производот. Заменете го ако овој производ покажува знаци на оштетување.
  • Употреба само за возрасни.
  • Овој производ не е играчка. Не го користете овој производ за ништо друго освен за наменетата употреба.
  • Да се чува подалеку од дофат на деца и домашни миленици кога не се користи.
  • Не го чувајте во близина на остри предмети.
  • Пред секоја употреба, ве молиме проверете го вентилот за да се осигурате дека е без блокади и кинење.

Ве молиме запомнете: Секогаш консултирајте се со медицинско лице во врска со исхрана ако вие или вашето дете сте болни или зимате лекови. Резултатите може да варираат бидејќи секоја жена и колку млеко има е уникатно.

Упатствата на здравствените организации треба да се следат во секое време во однос на измолзувањето и безбедно складирање на млекото. Препорачуваме да ги следите упатствата на Вашите локални организации за безбедно складирање на мајчиното млекo.

За Брендот

Haakaa

Нов Зеланд

Haakaa е семејна компанија од Нов Зеланд која произведува безбедни, производи за бебиња и доилки. Сите производи се направени од еколошки материјали како што се силикон, нерѓосувачки челик, стакло, бамбус и природна гума за да помогнат во заштитата на животната средина за иднината на нашите деца.

Бреднот е претпознатлив по најнаградуната и продаваната оргинална рачна пумпа за измолзување, но и колекторите и останатите уникатни производи.

Haakaa со години помага на мајки и доилки ширум светот полесно да се справат со мајчинството, токму затоа и мотото на брендот е "За поедноставно мајчниство!"

Мислења од купувачи

0 мислења
0
0
0
0
0

Нема мислења сеуште.

Бидете први кои ќе го оцените “Haakaa Школка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *