Едноделна пумпа
Со Haakaa пумпата ќе се измолзите едноставно со моќта на вакуумот. Не се потребни кабли, додатоци или струја, а големината е совршена за да се вклопи во вашата бебешка торба. Едноставно може да ја вметнете во градникот и да си ги вршите останатите обврски додека Haakaa-та го собира вашето млеко.
- Направена од 100% прехранбен силикон
- Едноделен дизајн, спречува таложење на бактерии
- Лесна за употреба и чистење
- Може да ја користите да измолзувате млеко со создавање вакуум или само да ја ставите на градата да собира млеко што ви тече
- Достапно во големина 100/150мл.
- Користете мек сунѓер и избегнувајте јаки детергенти за миење
- Безбедно да се мие во машина за садови (горна полица) и да се стерилизира
- Не содржи БПА
Упатствата на здравствените организации треба да се следат во секое време во однос на измолзувањето и безбедно складирање на млекото. Препорачуваме да ги следите упатствата на Вашите локални организации за безбедно складирање на мајчиното млекo.
Ве молиме запомнете: Секогаш консултирајте се со медицинско лице во врска со исхрана ако вие или вашето дете сте болни или зимате лекови. Резултатите може да варираат бидејќи секоја жена и колку млеко има е уникатно.
Како да ја користите Haakaa пумпата за гради:
- Стерилизирајте ја пумпата со тоа што ќе ја ставите во вриечка вода 2-3 минути.
- Ставете го отворот на пумпата на вашата брадавица – проверете дали вашата брадавица е удобно центрирана во вратот на пумпата.
- Започнете со сукција – можеби ќе треба да ја прилагодите положбата на вашата пумпа неколку пати. Откако пумпата е сигурно и удобно наместена, започнете со сукција со стискање на основата на пумпата за да започне протокот на млеко.
- Штом млекото ќе почне да тече, едноставно оставете ја пумпата сама да го направи своето!
- Кога пумпата е полна, испразнете ја во сад за скаладирање мајчино млеко.
- Ако протокот на млеко се забави или сте ја постигнале потребната количина, едноставно залепете ја пумпата на рамна површина додека довршите со хранењето.
Совети: За побрз или поголем проток на млеко ставете топла облога врз градите и нежно масирајте. Додека вашето дете дои, прикачете ја Haakaa пумпата на другата дојка за да го соберете млекото кое инаку би било “потрошено” во влошка за гради.

Пумпи
Колектори
Производи за Нега
Додатоци

Глодалки
Цуцли Лажливки
Хигена и Нега

Шишиња
Чашки
Цуцли и Диспензери за Хранење
Чинии и Прибори
Цуцли за Шишиња
Чување Млеко и Храна




Мислења
Избриши филтриНема мислења сеуште.