Haakaa Бубамара Колектор – Сет од 2

SKU: MHKLB-2

Силиконскиот колектор за мајчино млеко Haakaa Бубамара е совршена алтернатива на влошките за гради за мајки кои сакаат да ја зачуваат секоја капка.

Едноделниот дизајн се прицврстува на вашите гради со сукција и безбедно и дискретно стои во вашиот градник. Сукцијата на Бубамарата е лесна и нежна за да го држи производот на место. Нема да вади дополнително млеко, па затоа е идеална за мајки на кои им протекува мајчино млеко и сакаат да го зачуваат без да го зголемат снабдувањето.

Можете да ја носите Бубамарата од другата страна додека доите за да го соберете млекото кое протекува или да носите по една на секоја града во градникот додека ги вршите секојдневните обврски. Има и мали стапала на дното за да стои исправено на која било рамна површина, спречувајќи излевање по употреба.

Откако ќе завршите со собирање на млекото, отворете го отворот на врвот и безбедно истурете го млекото во сад за чување млеко.

1,725.00 ден – 2,870.00 ден

40мл
75мл
150мл
Достава

Нарачките се доставуваат за 1-3 работни дена. Доставата е бесплатна за нарачки над 1999 ден.

Грижа за производот

Пратете ги насоките наведени во описот за грижа, чистење и оддржување на производот.

Најчесто Купувани Заедно

Original price was: 2,300.00 ден.Current price is: 1,725.00 ден.
Original price was: 760.00 ден.Current price is: 414.00 ден.
Original price was: 950.00 ден.Current price is: 558.00 ден.
Original price was: 4,010.00 ден.Current price is: 2,697.00 ден.
За 3 производи

Опис

Со Бубамарата сочувајте ја секоја капка мајчино млеко

За многу кратко време Бубамарата ќе стане ваш најверен сојузник во доењето. Лесна за носење и користење, заменете ги влошките во кои се губи вашето млеко и сочувајте ја секоја капка мајчино млеко.

  • Направена од 100% прехранбен силикон
  • Едноделен дизајн, спречува таложење на бактерии
  • Лесна за употреба и чистење
  • Користете мек сунѓер и избегнувајте јаки детергенти за миење
  • Препорачано е рачно миење со топла вода
  • Безбедно да се стерилизира
  • Не содржи БПА

Упатствата на здравствените организации треба да се следат во секое време во однос на измолзувањето и безбедно складирање на млекото. Препорачуваме да ги следите упатствата на Вашите локални организации за безбедно складирање на мајчиното млекo.

Начин на Користење

Собирање на мајчино млеко:

  1. Проверете дали горното капаче е затворено.
  2. Центрирајте го отворот на вашата брадавица и нежно притиснете на предниот дел на Бубамарата.
  3. Притиснете на градите и опуштете за да создадете нежен притисок и да започнете со собирање на млекото.
  4. Бубамарата секогаш треба да се носи во градник за да биде сигурна.
  5. Редовно отстранувајте ја бубамарата за да го складирате вашето млеко во согласност со упатствата за безбедно складирање на мајчиното млеко во вашата земја. Отворете го горното капаче и истурете го млекото во соодветен сад за складирање.

ЗАБЕЛЕШКА: Бубамарата ќе собира само млеко што и онака би истекло. Нема да извади дополнително млеко.

Димензии
  • Бубамара 40мл: 8,7см(Ш) x 8,2см(В) x 4,7см(Д)
  • Бубамара 75мл: 9,5см(Ш) x 8,5см(В) x 5,2см(Д)
  • Бубамара 150мл: 12,3см(Ш) x 11,5см(В) x 7,5см(Д)

За Брендот

Haakaa

Нов Зеланд

Haakaa е семејна компанија од Нов Зеланд која произведува безбедни, производи за бебиња и доилки. Сите производи се направени од еколошки материјали како што се силикон, нерѓосувачки челик, стакло, бамбус и природна гума за да помогнат во заштитата на животната средина за иднината на нашите деца.

Бреднот е претпознатлив по најнаградуната и продаваната оргинална рачна пумпа за измолзување, но и колекторите и останатите уникатни производи.

Haakaa со години помага на мајки и доилки ширум светот полесно да се справат со мајчинството, токму затоа и мотото на брендот е "За поедноставно мајчниство!"

Мислења од купувачи

0 мислења
0
0
0
0
0

Нема мислења сеуште.

Бидете први кои ќе го оцените “Haakaa Бубамара Колектор – Сет од 2”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *