Блог

Водич за Цуцлите на Dr.Brown’s Шишињата

Многу е важно да знаете кога треба да ја замените цуцла на шишето, но тоа понекогаш може да биде и збунувачки дел од искуството со хранењето.

Додека повеќето шишиња нудат различни нивоа на цуцли кои се поврзани со возрасна граница (на пример, 3+ месеци), секое доенче има свој стил на хранење, што не мора да е одраз на нивната возраст или големина.

Како ќе знам кога да ја сменам големината на цуцлата од шишето?

Не постои „вистинско“ време да го промените нивото на цуцлата за вашето бебе. Некои бебиња се задоволни со користење на Ниво 1 во текот на нивните први денови од хранењето, додека “полакомите бебиња”може да напредуваат порано од очекуваното. Вашето бебе ќе покаже знаци ако протокот не е доволно брз и дека е време да преминете на следното ниво. Типични знаци се:

  • Потребно му е подолго време да заврши со пиење од шише
  • Станува нервозно додека пие
  • Заспива додека пие од шишето

Кај новороденчињата, особено предвремено родените бебиња, брзината на протокот на цуцлата всушност може да биде поголема од тоа што може да толерира вашето доенче. Ако вашето бебе покажува некој од овие знаци додека јаде, можеби ќе сакате да пробате цуцла со побавен проток (пониско ниво):

  • Многу брзо пие
  • Тешко голтање
  • Кашлање
  • Загрцнување
  • Млеко капе од устата
  • Одбивање на шишето

За да одговори на сите фази и стилови на хранење, Dr. Brown’s нуди серија силиконски цуцли со различна брзина на проток. Нивоата на цуцлите на Dr. Brown’s и соодветната возраст се прикажани на табелата подолу. Прочитајте повеќе за да знаете кога да ја промените големината на брадавиците.

Цуцла за Недоновче, 0+ месеци

  • Дизајнирана за предвремено родени бебиња и бебиња кои имаат побавно хранење.
  • Бавниот проток е одличен за доените бебиња кога се префрлаат помеѓу шише и гради; го имитира побавниот тек на доењето.

Ниво 1, 0+ месеци

  • Цуцлата Ниво 1 е вклучена во речиси сите шишиња на Dr.Brown’s и е одлична почетна точка за многу бебиња.
  • Идеален избор за вашето доенче ако добро се храни и нема потешкотии со хранењето.

Ниво 2, 3+ месеци

  • Како што се развива хранењето на бебето и потребно им е подолго време да се хранат од цуцла Ниво 1, многу родители избираат да се префрлат на цуцлата Ниво 2.
  • Размислете за цуцла Ниво 2 ако вашето бебе веќе прифаќа цврста храна или ако педијатарот препорача згуснување на млекото.

Ниво 3, 6+ месеци

  • Како што се развива хранењето на бебето и потребно им е подолго време да се хранат од цуцла Ниво 2, многу родители избираат да се префрлат на цуцлата Ниво 3.
  • Размислете за цуцла Ниво 3 ако вашето бебе седи, ако јаде цврста храна или ако педијатарот препора згуснување на млекото.

Ниво 4, 9+ месеци

  • Како што се развива хранењето на бебето и потребно им е подолго време да се хранат од цуцла Ниво 3, многу родители избираат да се префрлат на цуцлата Ниво 4.
  • Соодветно ако вашето дете покажува постојано хранење без потешкотии и пие повеќе млеко или дои повеќе.
  • Размислете за цуцла Ниво 4 за вашето бебе ако јаде храна самостојно, пие од чашка или ако педијатарот препорач згуснување на млекото.

Y-Cut, за густи течности, 9 месеци+

  • Размислете за Y-Cut цуцлата ако педијатарот препорача згуснување на млекото на вашето бебе.
  • Погодно за погусти течности и житарки.

Кога бебето е подготвено да премине на друго ниво цуцла, секогаш можете да ја најдете таа што ви треба на нашата онлајн продавница. Изберете од цуцлите за тесно или широко грло за вашето Dr.Brown’s шише.