Нешто што многу нè прашуваат мајките е „Кој е најдобриот начин да ја исчистам мојата Haakaa опрема? Со толку многу опции, предлози и препораки од други родители, може да стане супер збунувачки – особено ако сте првпат мајка! Но, нема страв – еве го нашиот лесен водич кој ќе ви помогне да одговорите на сите ваши прашања во врска со миењето и стерилизирањето на вашите Haakaa производи.
Како да ги мијам моите Haakaa производи?
Најдобар начин за секојдневно миење на вашите производи од Haakaa е да користите топла вода со сапуница. Иако нашите производи се безбедни за во машина за садови, топло препорачуваме да ги измиете на раце за да бидете сигурни дека темелно ќе ги исчистите.
Што се однесува до детергентите, можете да користите каков било нежен, благ детергент/сапун за садови. Проверете дали сапунот е pH неутрален за да спречите избледување на какви било ознаки на производот.
Не треба да користите детергенти или сапуни кои содржат средства на база на белило бидејќи тие може да го намалат животниот век на вашите производи со тоа што ќе предизвикаат материјалите да се распаѓаат побрзо – особено силиконот, бидејќи ќе стане леплив и неупотреблив.
Што треба да користам за да ги мијам моите Haakaa производи?
Треба да се користат само четки со меки влакна или меки сунѓери за чистење на вашите Haakaa производи. Не користете груби сунѓери за чистење бидејќи тие може да ја изгребат површината или да ги оштетат употребените материјали.
Чистењето на производите е полесно со нашата силиконска четка!
Четка за Миење
Чистете и грижете се за вашите производи и тие на вашето бебенце со силиконската четка за миење на Haakaa! Нашата четка ќе ви помоге ефикасно да ги исчистите сите ваши основни работи, оставајќи ги безбедни и хигиенски.
Нашата силиконска четка со двоен крај има меки и флексибилни силиконски влакна кои обезбедуваат чистење од 360° за сите ваши предмети. На едниот крај, главата на четката е совршена големина за чистење на вашите пумпи, шишиња и кеси за складирање млеко, а на другиот крај има четка со аголен врв за да стигне до аглите на
вашите цуцли од шишиња, Бубамарите и друго!
Како да ги стерилизирам моите Haakaa производи?
Најлесен и наједноставен начин да ги стерилизирате вашите Haakaa производи е да ги ставите во вриечка вода 2-3 минути. Може да користите и стерилизатор на пареа (иако не ставајте производи од нерѓосувачки челик во стерилизатор на пареа со микробранова печка). Не користете белило или таблети за стерилизирање.

Пумпи
Колектори
Производи за Нега
Додатоци

Глодалки
Цуцли Лажливки
Хигена и Нега

Шишиња
Чашки
Цуцли и Диспензери за Хранење
Чинии и Прибори
Цуцли за Шишиња
Чување Млеко и Храна


