Шприц за Давање Лек

SKU: MHK024

Дали имате болно, уморно и кенкаво бебенце? Лесно дајте му го лекот на вашето малечко со Haakaa шприцот за орално хранење!

Шприцот за орално хранење е совршен начин да се администрира млеко, течност или поголеми количество на лек на уреден начин. Погодно и за предвремено родени бебиња! Двојните аголни порти на врвот го распрснуваат лекот странично и рамномерно во устата на вашето дете наместо само во задниот дел на грлото како обичен шприц, што значително го намалува ризикот од гушење!

Кога го храните бебето со традиционален шприц тврдиот врв може да ја оштети деликатната уста на вашето бебе. Haakaa шприцот за орално хранење ги олеснува работите со тоа што има мек силиконски врв кој бебето може да го цица.

Haakaa шприцот за орално хранење ги мери течностите во единици од 5 мл. Доколку треба да дадете помала доза препорачуваме да измерите во друг шприц па да ја префрлите течноста во Haakaa шприцот.

Original price was: 650.00 ден.Current price is: 550.00 ден.

Достава

Нарачките се доставуваат за 1-3 работни дена. Доставата е бесплатна за нарачки над 1999 ден.

Грижа за производот

Пратете ги насоките наведени во описот за грижа, чистење и оддржување на производот.

Опис

Карактеристики
  • Направено од безбеден силикон и нетоксичен ПП.
  • Двојните аголни порти на врвот го распрснуваат лекот странично во устата на вашето дете наместо во задниот дел на грлото.
  • Мек врв во вид на цуцла.
  • Штитот во вид на цуцла ги спречува потенцијалните опасности од гушење.
  • Капацитет на шприц е 10 ml, капацитет на капачето е 20 ml.
  • Јасно означени мерни единици за точно мерење.
  • Се расклопува за лесно чистење.
  • Погоден за новороденчиња и поголеми деца.
  • Безбедно да се стерилизира.
  • Без БПА, ПВЦ и фталати.
Начин на користење
  1. Измерете ја соодветната доза на течност во шприцот, а потоа повторно проверете ја количината.
  2. Поставете го вашето дете во скут свртено настрана од вас.
  3. Внесете го шприцот во нивната уста и откако вашето бебе ќе почне да цица, полека стискајте да ослободите течност во устата на бебето.
Чистење и нега
Измијте пред и по секоја употреба. Препорачуваме рачно миење во топла вода со сапуница и темелно испирање и сушење. Не користете никакви средства за чистење или таблети базирани на белило за стерилизирање или чистење на вашите Haakaa производи. За стерилизација употребувајте стерилизатор на пареа или ставете во вриечка вода 2-3 минути.
Внимание

Шприцот за орално хранење Haakaa ги мери течностите во единици од 5 мл. Доколку треба да дадете помала доза препорачуваме да измерите во друг шприц да ја префрлите течноста во Haakaa шприцот. Редовно проверувајте ја состојбата на производот. Заменете го производот ако покажува знаци на оштетување. Не го чувајте во близина на остри предмети. Треба да се користат само четки со меки влакна или мек сунѓер за чистење на овој производ бидејќи грубите бришачи може да ја изгребат површината. Чувајте го производот на ладно и суво место и избегнувајте директна сончева светлина. Потребен е надзор од возрасни.

За Брендот

Haakaa

Нов Зеланд

Haakaa е семејна компанија од Нов Зеланд која произведува безбедни, производи за бебиња и доилки. Сите производи се направени од еколошки материјали како што се силикон, нерѓосувачки челик, стакло, бамбус и природна гума за да помогнат во заштитата на животната средина за иднината на нашите деца.

Бреднот е претпознатлив по најнаградуната и продаваната оргинална рачна пумпа за измолзување, но и колекторите и останатите уникатни производи.

Haakaa со години помага на мајки и доилки ширум светот полесно да се справат со мајчинството, токму затоа и мотото на брендот е "За поедноставно мајчниство!"

Мислења од купувачи

0 мислења
0
0
0
0
0

Нема мислења сеуште.

Бидете први кои ќе го оцените “Шприц за Давање Лек”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *