Електрична Турпија Original price was: 1,900.00 ден.Current price is: 1,425.00 ден.
Назад кон производи

Електрична Турпија Мече – Happii Bear

SKU: Не е достапно

Кажете им збогум на острите ножици и запознајте се со сетот за нега на нокти Happii Bear! Овој симпатичен тример за нокти има посебен дизајн на поларна мечка за да го привлече вниманието на вашето бебе, што го олеснува претворањето на застрашувачките сесии сечење нокти во квалитетно време за дружење.

За да го користите, едноставно прикачете го додатокот погоден за возраста на вашето дете и нежно почнете да ги кратите ноктите. Тивката електрична турпија располага со две брзини и насоки на ротација, како и LED светло за да се користи и во текот на ноќта.

Се полни, што ја прави подобро решение за животната средина и вашиот паричник – нема повеќе да барате резервни батерии! И најдобро од сè, комплетот за нега на нокти Happii Bear е погоден за целото семејство, од новороденчиња до мама и тато.

Содржи:
Електрична турпија за нокти
x6 додатоци за турпијата
Сад за складирање

Original price was: 2,650.00 ден.Current price is: 1,990.00 ден.

Бела
Кафеава
Достава

Нарачките се доставуваат за 1-3 работни дена. Доставата е бесплатна за нарачки над 1999 ден.

Грижа за производот

Пратете ги насоките наведени во описот за грижа, чистење и оддржување на производот.

Опис

Кратењето нокти сега е лесно

Брз, тивок и едноставен начин да ги скратите ноктињата на вашето малечко. Електричната турпија ќе ја користите долго време благодарение на додатоците за различна возраст-дури и за вас има!

  • Со шест додатоци според возраста
  • Тивка и со LED светло за ноќна употреба
  • Две брзини
  • Да се чисти со мека и сува крпа или памучно стапче
  • Да не се користи на слаби, оштетени или заболени нокти
  • 0+ месеци
Начин на Користење
  1. Изберете го додатокот кое е најпогоден за возраста на вашето дете.
  2. Држете го вашето дете безбедно. Држете им ја раката исправено со раширени прсти.
  3. Држете ја турпијата подалеку од вашето дете и вклучете ја. Додатокот треба веднаш да почне да се врти.
  4. Почнувајќи со најмалата брзина и прилагодете ја брзината по потреба.
  5. Кога го менувате ноктот кој го кратите исклучете и повторете ја постапката.
  6. Кога ќе завршите со кратење на ноктите на вашето дете, отстранете ја целата прашина од подлогата и измијте ги рацете на вашето дете.
  7. Отстранете го додатокот и складирајте ги сите делови во садот за складирање.
Насоки за Возраст
  • Розов додаток: 0-3 месеци
  • Син додаток: 3-6 месеци
  • Зелен додаток: 6-12 месеци
  • Портокалов додаток: 12 месеци+
  • Метален додаток: Возрасни
  • Метален конус: Возрасни

За Брендот

Haakaa

Нов Зеланд

Haakaa е семејна компанија од Нов Зеланд која произведува безбедни, производи за бебиња и доилки. Сите производи се направени од еколошки материјали како што се силикон, нерѓосувачки челик, стакло, бамбус и природна гума за да помогнат во заштитата на животната средина за иднината на нашите деца.

Бреднот е претпознатлив по најнаградуната и продаваната оргинална рачна пумпа за измолзување, но и колекторите и останатите уникатни производи.

Haakaa со години помага на мајки и доилки ширум светот полесно да се справат со мајчинството, токму затоа и мотото на брендот е "За поедноставно мајчниство!"

Мислења од купувачи

0 мислења
0
0
0
0
0

Нема мислења сеуште.

Бидете први кои ќе го оцените “Електрична Турпија Мече – Happii Bear”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *