Електрична Турпија Мече - Happii Bear Original price was: 2,650.00 ден.Current price is: 1,990.00 ден.
Назад кон производи
Подлога за Ладење на Перинеум Original price was: 1,800.00 ден.Current price is: 1,080.00 ден.

Подлоги за Гради за Топлење и Разладување

SKU: MKH137-BH

Смирете ги болките поврзани со доењето со Haakaa подлоги за топлење и разладување за повеќекратна употреба. Загрејте ги за да ја ублажите непријатноста предизвикана од маститис и надуеност или да поттикнете проток на млеко. Алтернативно, обидете се со разладување во фрижидер или замрзнувач да го смирите воспалените или отечени гради и брадавици. Секоја влошка доаѓа со мека памучна навлака која обезбедува заштитен слој помеѓу влошките и вашата кожа и практична преносна торба за складирање. Погодно за гради од сите облици и големини.

Содржи:

2 x Влошки за гради за повеќекратна употреба – (румена)

2 x Памучни навлаки

1 x Пренослива торба за складирање (Сина боја)

2,100.00 ден

Нема на залиха

Нема на залиха

Достава

Нарачките се доставуваат за 1-3 работни дена. Доставата е бесплатна за нарачки над 1999 ден.

Грижа за производот

Пратете ги насоките наведени во описот за грижа, чистење и оддржување на производот.

Опис

За ладење или топлење на градите

Практичен начин да си ја олесните болката во градите, а притоа ќе ги користите долго време - односно се додека имате потреба од влошките.

  • Оладете ги во фрижидер или замрзнувач
  • Загрејте ги во микробранова или топла вода
  • Со памучни навлаки за нежна заштита на вашата кожа
  • Влошките да се мијат редовно, рачно и во топла вода и сапуница
  • Памучните навлаки да се мијат во машина на ладен, нежен циклус или рачно
  • Да се сушат висечки
  • Не содржи БПА
Начин на Користење

Може да се излади или замрзне. Користете најмногу по 20 минути. Секогаш проверувајте ја температурата на влошката пред нанесувањето.

Разладено: Ставете во фрижидер најмалку еден час пред употреба. Откако ќе се излади, извадете ја влошката од неткаената навлака и вметнете ја во памучната навлака пред да ја ставите на вашата кожа.

Замрзнато: Чувајте во замрзнувач најмалку еден час пред употреба. Откако ќе се замрзне, извадете ја влошката од неткаената навлака и вметнете ја во памучната навлака пред да ја ставите на вашата кожа. Не нанесувајте замрзнати влошки директно на кожата бидејќи тоа може да предизвика изгореници од мраз.

Греење во топла вода: Ви препорачуваме да ги загреете влошките со внимателно потопување во топла вода 3-5 минути. Не користете врела вода. Исцедете ја водата пред да ги отстраните влошките. Откако ќе се загреат, ракувајте со влошките со претпазливост и вметнете ја секоја во памучната навлака пред да ја ставите на вашата кожа. Не нанесувајте топла подлога директно на кожата бидејќи тоа може да предизвика изгореници.

Греење во микробранова печка: Ве молиме имајте во предвид дека греењето во микробранова печка може да предизвика нерамномерна дистрибуција на топлина. Ставете ги влошките на чиста, сува чинија во микробранова печка 20 секунди, а потоа на секои пет секунди доколку е потребно. Погрижете се подлогата да не се допира со ѕидовите на микробранова печка додека се врти. Микробрановата плоча мора да може да се врти во текот на целиот циклус на загревање. Откако ќе се загреат, ракувајте со влошките со претпазливост и вметнете ја секоја во памучната навлака пред да ја ставите на вашата кожа. Не нанесувајте топла подлога директно на кожата бидејќи тоа може да предизвика изгореници.

Чистење и Нега

Рачно миење на влошките редовно во топла вода со сапуница. Измијте ги памучните навлаки рачно или во машина за перење на ладен, нежен циклус. Да се стават да висат за да се исушат.

Редовно проверувајте ја состојбата на производот. Заменете го ако производот покаже некакво оштетување. Чувајте подалеку од остри предмети. За чистење на влошката треба да се користат само четки со меки влакна или мек сунѓер. Тешките чистачи може да ја изгребат површината. Не користете го овој производ за ништо друго освен за наменетата употреба. Чувајте го производот на ладно и суво место и избегнувајте директна сончева светлина. Не стискајте или тресете. Не ги отворајте или дупнувајте влошките. Ако истекуваат влошките, веднаш фрлете ги. Само за надворешна употреба. Не нанесувајте на чувствителна кожа или отворени рани. Не заспивајте со подлогите. Ако гелот дојде во допир со очите или кожата, исплакнете темелно со топла вода. За екстремна, продолжена или хронична болка, контактирајте со вашиот лекар. Овој производ не е играчка – чувајте го подалеку од дофат на деца и домашни миленици.

Ве молиме запомнете: ако подлогите се премногу топли или премногу ладни за ваша удобност, завиткајте во дополнителен слој ткаенина, на пр. крпа.

Состав

Гел влошки (надворешни): ПВЦ, полиестер

Гел влошки (внатрешни): 61% вода, 4% глицерол, 4% карбоксиметил целулоза.

За Брендот

Haakaa

Нов Зеланд

Haakaa е семејна компанија од Нов Зеланд која произведува безбедни, производи за бебиња и доилки. Сите производи се направени од еколошки материјали како што се силикон, нерѓосувачки челик, стакло, бамбус и природна гума за да помогнат во заштитата на животната средина за иднината на нашите деца.

Бреднот е претпознатлив по најнаградуната и продаваната оргинална рачна пумпа за измолзување, но и колекторите и останатите уникатни производи.

Haakaa со години помага на мајки и доилки ширум светот полесно да се справат со мајчинството, токму затоа и мотото на брендот е "За поедноставно мајчниство!"

Мислења од купувачи

0 мислења
0
0
0
0
0

Нема мислења сеуште.

Бидете први кои ќе го оцените “Подлоги за Гради за Топлење и Разладување”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *