Назад кон производи
Четка за Миење Original price was: 950.00 ден.Current price is: 620.00 ден.

Подлога за Ладење на Перинеум

SKU: MKH139-BH

Смирете ја непријатноста во регијата меѓу нозете, отокот на перинеумот и другите болки поврзани со породувањето со Haakaa подлогата за ладење на перинеумот. Оваа подлога е наменета за жени кои се породиле вагинално или кои доживуваат непријатности како резултат на породувањето.

Подлогата е дизајнирана да биде разладена или замрзната за да помогне во ублажување на болката. Влошката се вметнува во меката памучна навлака, која обезбедува заштитен слој помеѓу влошката и вашата кожа и се прицврстува на вашата долна облека. Добивате две навлки за да можете редовно да ги менувате ако имате поголемо истекување. Дополнително, овој сет доаѓа со пет навлаки од неткаен материјал за употреба во фрижидерот или замрзнувачот, што помага да се создаде хигиенска бариера помеѓу влошката и останатите предмети во вашиот ладилник.

Содржи:

  • 1 x Подлога за ладење на перинеумот за повеќекратна употреба (влошка)
  • 2 x Памучни навлаки
  • 5 x Навлаки од неткаен материјал
  • 1 x Пренослива торба за складирање (Сина боја)

Original price was: 1,800.00 ден.Current price is: 1,080.00 ден.

Достава

Нарачките се доставуваат за 1-3 работни дена. Доставата е бесплатна за нарачки над 1999 ден.

Грижа за производот

Пратете ги насоките наведени во описот за грижа, чистење и оддржување на производот.

Опис

Олеснете го постпородилниот период

Постпородилните болки се честа појава после природно раѓање, но со нашите влошки за перинеум за повеќекратна употреба ќе ја намалите болката и полесно ќе ги поминете првите денови.

  • Оладете ги во фрижидер или замрзнувач
  • Со памучни навлаки за нежна заштита на вашата кожа
  • Се зацврстуваат на вашата долна облека
  • Влошките да се мијат редовно, рачно и во топла вода и сапуница
  • Памучните навлаки да се мијат во машина на ладен, нежен циклус или рачно
  • Да се сушат висечки
  • Неткаените навлаки се за еднократна употреба; сепак, можете повторно да ги
    користите со нежно миење во топла вода со сапуница и да им дозволите да се
    исушат
  • Не содржи БПА
Начин на Користење

Може да се излади или замрзне. Користете најмногу по 20 минути. Секогаш проверувајте ја температурата на влошката пред нанесувањето.

Разладено: Ставете во фрижидер најмалку еден час пред употреба. Откако ќе се излади, извадете ја влошката од неткаената навлака и вметнете ја во памучната навлака пред да ја ставите на вашата кожа.

Замрзнато: Чувајте во замрзнувач најмалку еден час пред употреба. Откако ќе се замрзне, извадете ја влошката од неткаената навлака и вметнете ја во памучната навлака пред да ја ставите на вашата кожа. Не нанесувајте замрзнати влошки директно на кожата бидејќи тоа може да предизвика изгореници од мраз.

Штом влошката е внатре во памучната навлака, ставете ја на долната облека, слично како и со менструална влошка. Прицврстете ја подлогата на вашата долна облека со прицврстување на копчињата од двете страни на памучната навлака. Прилагодете ако не е удобно.

Ве молиме запомнете: ако подлогите се премногу топли или премногу ладни за ваша удобност, завиткајте во дополнителен слој ткаенина, на пр. крпа.

Состав и Димензии

Гел влошки (надворешни): ПВЦ, полиестер

Гел влошки (внатрешни): 61% вода, 4% глицерол, 4% карбоксиметил целулоза

Подлога – 300 x 80 x 6 мм

Памучни навлаки – 305 x 210 мм

За Брендот

Haakaa

Нов Зеланд

Haakaa е семејна компанија од Нов Зеланд која произведува безбедни, производи за бебиња и доилки. Сите производи се направени од еколошки материјали како што се силикон, нерѓосувачки челик, стакло, бамбус и природна гума за да помогнат во заштитата на животната средина за иднината на нашите деца.

Бреднот е претпознатлив по најнаградуната и продаваната оргинална рачна пумпа за измолзување, но и колекторите и останатите уникатни производи.

Haakaa со години помага на мајки и доилки ширум светот полесно да се справат со мајчинството, токму затоа и мотото на брендот е "За поедноставно мајчниство!"

Мислења од купувачи

0 мислења
0
0
0
0
0

Нема мислења сеуште.

Бидете први кои ќе го оцените “Подлога за Ладење на Перинеум”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *