Назад кон производи
Ланец за пумпа Original price was: 540.00 ден.Current price is: 270.00 ден.

Градник за Пумпање/Доење

SKU: MHK116

Haakaa  градникот за пумпање и доење им овозможува на мајките да се движат наоколу и да се чувствуваат безбедно додека пумпаат! Ја држи пумпата на градите и ви ги остава рацете слободни да ги завршите поважните задачи. Дизајнот со повеќеслојни пресеци цврсто ќе ја држи пумпата, подобрувајќи ја сукцијата и удобноста, додека отстранливиот преден дел ви овозможува удобно да го нахраните вашето малечко кога е гладно без да треба да го соблечете градникот!

Направени од 90% најлон и 10% спандекс, нашиот супер мек материјал и мазнен надворешен слој се пријатни на вашата кожа и нема да ги иритираат чувствителните брадавици.

Ве молиме изберете ја вашата големина внимателно (видете ја табелата со големини за референца).

Original price was: 2,900.00 ден.Current price is: 680.00 ден.

S
M
L
XL
Достава

Нарачките се доставуваат за 1-3 работни дена. Доставата е бесплатна за нарачки над 1999 ден.

Грижа за производот

Пратете ги насоките наведени во описот за грижа, чистење и оддржување на производот.

Опис

Измолузвајте се без да ја држите пумпата

Градник со кој лесно ќе доите и измолзувате. Пумпата ќе ја држи сигурно, а вие може да го доите бебето или да си ги вршите секојдневните обврски по дома.

Предниот дел лесно се откопчува за дискретно доење и надвор од дома.

  • Без жица, многу мек и удобен
  • Прилагодливи прерамки
  • Може да се мие во машина
Начин на Користење

Пумпање:

  1. Вметнете ја пумпата низ отворот на градникот.
  2. Со помош на сукција, прикачете ја пумпата на градите.
  3. Извадете ја пумпата откако ќе се наполни.

Доење:

  1. Откачете го предниот дел од прерамките на градникот.
  2. Оставете го вашето бебе да дои.
  3. По хранењето, прикачете го горниот дел на прерамките.

Се мие во машина на ладно и се закачи да се исуши. Не пеглајте. Не го носите на хемиско чистење и не користите средства засновани на белило за чистење на овој производ. Измијте го пред носење.

За Брендот

Haakaa

Нов Зеланд

Haakaa е семејна компанија од Нов Зеланд која произведува безбедни, производи за бебиња и доилки. Сите производи се направени од еколошки материјали како што се силикон, нерѓосувачки челик, стакло, бамбус и природна гума за да помогнат во заштитата на животната средина за иднината на нашите деца.

Бреднот е претпознатлив по најнаградуната и продаваната оргинална рачна пумпа за измолзување, но и колекторите и останатите уникатни производи.

Haakaa со години помага на мајки и доилки ширум светот полесно да се справат со мајчинството, токму затоа и мотото на брендот е "За поедноставно мајчниство!"

Мислења од купувачи

0 мислења
0
0
0
0
0

Нема мислења сеуште.

Бидете први кои ќе го оцените “Градник за Пумпање/Доење”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *