Продавница
Цена
Боја
- БелаБела 1
- Зелена и Розова 1
- Златно КомбоЗлатно Комбо 1
- КафеаваКафеава 1
- Кафеаво-црвенаКафеаво-црвена 1
- КоралКорал 1
- МинтМинт 1
- Сиво - Розе КомбоСиво - Розе Комбо 1
- Сина - Кит ДизајнСина - Кит Дизајн 1
- Сина и Жолта 1
- ТранспарентнаТранспарентна 1
- ЗеленаЗелена 8
- РозеваРозева 13
- СинаСина 3
- ЖолтаЖолта 3
- ПраскаПраска 1
- БежБеж 1
- СиваСива 6
Статус
Категории
- За Мама 24
- За Бебе 26
- Хранење 29
- Сетови и Пакети 7
Силиконска Четка за Коса
630.00 ден – 790.00 денHaakaa силиконската четка за коса е совршена мултифункционална алатка која помага да се грижите за вашето малечко додека го бањате, а и после тоа! Направена од многу мек силикон, нежна дури и за најчувствителната кожа – може да се користи за чистење на вашето тело, миење на косата, како релаксирачки масажер за скалпот или како четка за коса за внимателно отплеткување на прамените. Исто така, неверојатно добро помага со корупчињата на главата на бебчето! Всушност, оваа четка е толку разновидна што можете дури и да ја користите низ куќата како четка за чистење кога веќе нема да ви биде потребна за нега на вашето бебе.
Стаклено Lansinoh Шише за Хранење со NaturalWave® Цуцла
615.00 ден – 685.00 денАнти-колик шише со широка, екстра мека и растеглива цуцла – стаклените шишиња на Lansinoh со NaturalWave™ цуцла ви помагаат лесно да го нахраните вашето малечко. Доколку доите, клинички е докажано дека ја намалува конфузијата со брадавиците, за да можете едноставно да го префлите префрлите малечкото од града на шише и обратно.
Стаклените шишиња за хранење на Lansinoh растат заедно со бебето и одговараат на сите 4 големини на NaturalWave™ цуцлите. Изработени од мек и еластичен силикон со постепен наклон и широка текстурна основа; нашите Lansinoh цуцли ја штитат веќе воспоставената шема на доење со зачувување на истите брановидни движења на јазикот што ги користат бебињата додека дојат.
Изработени од стакло отпорно на топлина и високи температури со само 4 делови за чистење (и безбедни во машина за миење садови!), стаклените шишиња на Lansinoh против колики нудат погодност без компромиси.
- Изработено од стакло отпорно на топлина и високи температури
- Меката и флексибилна цуцла му помага на бебето да ги одржи веќе воспоставените шеми на доење
- AVS™ – Анти Колик Вентил Систем за намалување на внесот на воздух, потенцијална причина за колики
- Доаѓа во комплет со цуцла NaturalWave™, клинички докажано ја намалува конфузијата со брадавиците.
- Безбедно за миење во машина за садови
- Капацитет од:
- 160мл со цуцла S (1+ месеци)
- 240мл со цуцла M (3+ месеци)
Стартер Пакет за Доилки
Стартер пакетот за доилки има се што е потребно за мајки кои сакаат безбедно да се измолзат и при тоа да го сочуваат млекото за подоцнежна употреба.
+Подарок Ланолин Крема за олеснување на болните брадавици!
- Рачна Пумпа Haakaa 100мл. за тивко, едноставно и безбедно измолзување.
- Lansinoh Кеси за Чување Млеко х50 за безбедно складирање на вишокот млеко.
- ПОДАРОК Lansinoh Ланолин Крема 10мл. за нега на брадавиците и олеснување болки предизвикани од доење.
Цвет Цуцла за Хранење + Мала Модла
Сетот Цвет Цуцла за Храна + Модла со две прегради е идеалниот сет за воведување нови вкусови, практично и лесно решение за оваа нова фаза!
Haakaa цуцлата за храна е совршен начин безбедно да му воведете нови вкусови на вашето бебе. Направена е од 100% силикон, издржлива и лесна за чистење.
Haakaa цуцлата е лесна за составување и употреба! Едноставно ставете овошје или зеленчук во силиконската цуцла и затворете. Можете исто така да замрзнете храна директно во неа.
За да го направите ова, едноставно ставете ја силиконската навлака на цуцлата, истурете течност (како мајчиното млеко или пасирана храна), затворете со капачето и замрзнете! Вашето малечко ќе ужива во способноста да искуси нови вкусови и текстури, а исто така ќе гради независност, ќе научи да се храни само и ќе ја подобри нивната координација рака-око и фини моторни вештини.
Силиконската модла на Haakaa е лесен и забавен начин да го навикнете вашето малечко само да јаде! Одличен начин да го замрзнете мајчиното млеко, да го ставите во цуцла за храна и вашето бебе ќе има вкусен оброк, а така ладно може и да помогне кога има болки при никнување нови запчиња. Исто така може да се користи и за печење во рерна (до 220 ℃)
Димензии: 217 x 118 x 26 mm
Секоја модла има две прегради (по 10мл) и вклучува капак.
Цуцла за Хранење
1,300.00 денHaakaa цуцлата за храна е совршен начин безбедно да му воведете нови вкусови на вашето бебе. Направена е од 100% силикон, издржлива и лесна за чистење.
Haakaa цуцлата е лесна за составување и употреба! Едноставно ставете овошје или зеленчук во силиконската цуцла и затворете. Можете исто така да замрзнете храна директно во неа.
За да го направите ова, едноставно ставете ја силиконската навлака на цуцлата, истурете течност (како мајчиното млеко или пасирана храна), затворете со капачето и замрзнете! Вашето малечко ќе ужива во способноста да искуси нови вкусови и текстури, а исто така ќе гради независност, ќе научи да се храни само и ќе ја подобри нивната координација рака-око и фини моторни вештини.
Цуцла Лажливка Advantage, сет од 2
Цуцла лажливка која е со топчеста и симетрична форма. Тоа што е олеснително и бебето само да си ја стави цуцлата наопаку формата е иста и нема да му пречи!
Dr. Brown’s Advantage цуцлата е достапна во две големини:
- 0-6 месеци
- 6-18 месеци
Четка за Заби – Крокодил
Миењето заби сега ќе биде позабавно со четката за заби во форма на крокодил.
Лесна за држење и со многу меки влакненца кои нежно ги чистат забчињата на детето. Четката стои исправено и е со самолепливо дно.
- 1-4 години.
Четка за заби 360°
600.00 ден – 750.00 денHaakaa силиконската четка за заби 360° е дизајнирана да му овозможи на вашето малечко темелно и ефективно чистење на забите и непцата. Меките силиконски влакна чистат 360°, отстранувајќи повеќе наслаги од обичните детски четки за заби!
Нашата четка за заби 360° е направена од мек 100% прехранбен силикон и е потполно безбедна за бебиња, масирајќи ги и чистејќи ги нивните нежни нови непца и запчиња. Исто така е со лепливото дно и нема да паѓа. Тоа е совршена четка за започнување на грижата за забите на вашето дете и одличен начин да ги поттикнете да ги четкаат и всадат добрите забни хигиенски навики уште од мали нозе.
Четка за Миење
Чистете и грижете се за вашите производи и тие на вашето бебенце со силиконската четка за миење на Haakaa! Нашата четка ќе ви помоге ефикасно да ги исчистите сите ваши основни работи, оставајќи ги безбедни и хигиенски.
Нашата силиконска четка со двоен крај има меки и флексибилни силиконски влакна кои обезбедуваат чистење од 360° за сите ваши предмети. На едниот крај, главата на четката е совршена големина за чистење на вашите пумпи, шишиња и кеси за складирање млеко, а на другиот крај има четка со аголен врв за да стигне до аглите на
вашите цуцли од шишиња, Бубамарите и друго!
Четки за Заби за Прст – Сет
Започнете ги оралните хигиенски навики на вашето малечко со Haakaa четката за заби за прст! Специјално е дизајнирана да всади позитивни и важни навики за дентална хигиена кај вашето дете уште од рана возраст.
Нашата четка е направена од 100% супер мек силикон и го навикнува вашето дете на чувството на миење заби, така што четкањето ќе стане забавен и суштински дел од секојдневниот живот. Се одликува со две различни површини – мек силикон и поцврсти силиконски навртки – за да се овозможат повеќе опции за чистење и смирување на деликатните нови запчиња и непце.
Шприц за Давање Лек
Дали имате болно, уморно и кенкаво бебенце? Лесно дајте му го лекот на вашето малечко со Haakaa шприцот за орално хранење!
Шприцот за орално хранење е совршен начин да се администрира млеко, течност или поголеми количество на лек на уреден начин. Погодно и за предвремено родени бебиња! Двојните аголни порти на врвот го распрснуваат лекот странично и рамномерно во устата на вашето дете наместо само во задниот дел на грлото како обичен шприц, што значително го намалува ризикот од гушење!
Кога го храните бебето со традиционален шприц тврдиот врв може да ја оштети деликатната уста на вашето бебе. Haakaa шприцот за орално хранење ги олеснува работите со тоа што има мек силиконски врв кој бебето може да го цица.
Haakaa шприцот за орално хранење ги мери течностите во единици од 5 мл. Доколку треба да дадете помала доза препорачуваме да измерите во друг шприц па да ја префрлите течноста во Haakaa шприцот.

Пумпи
Колектори
Производи за Нега
Додатоци

Глодалки
Цуцли Лажливки
Хигена и Нега

Шишиња
Чашки
Цуцли и Диспензери за Хранење
Чинии и Прибори
Цуцли за Шишиња
Чување Млеко и Храна






