Продавница
Категории
- За Мама 24
- За Бебе 26
- Хранење 29
- Сетови и Пакети 7
Dr. Brown’s Fresh Firsts™ Цуцла за Хранење
410.00 денПомогнете му на Вашетето бебе да премине на цврста храна без правење многу неред со цуцлата за храна на Dr.Brown’s. Со оваа цуцла лесно и интересно ќе може да осети нови вкусови на овошје и зеленчук.
Силиконската цуцла за храна има мали дупчиња кои дозволуваат бебето безбедно само да јаде и е мека, но и цврста за да може да ставите свежа храна, но и замрзната. Може да ставите и свежо измолзено мајчино млеко и да му ја дадате цуцлата ладна за да му олесни болката кога никнуваат нови забчиња.
- 4+ месеци.
Haakaa Глодалка – Топка
460.00 ден – 550.00 денСиликонската глодалка топка на Haakaa е совршена алатка при никнување првите забчиња. Лесна за држење, мека и силиконска – доволно тенка за да се вклопи во устата на вашето бебе. Исто така може да ја ставите во замрзнувач за да обезбедите дополнително олеснување и ладење на болно непце!
Нашата специјално дизајнирана топка за заби е без BPA, одобрена од FDA и направена од еластичен прехранбен силикон. Силиконот е хипоалергичен и непорозен материјал, што го прави безбеден за никнување на забите. Дизајнот со нерамна површина помага да се развијат моторните вештини на вашето бебе, истовремено обезбедувајќи безбедно, смирувачко дејство.
Димензии: прибл. 10см дијаметар
Диспензер-лажица за Храна
490.00 ден – 990.00 денHaakaa диспензерот-лажица за хранење е совршен начин да ја носите храната за вашето бебе со себе без да се мачите да носите посебни лажици и садови. Нахранете го вашето малечко здраво со домашна храна без неред, отпад и опасни хемикалии од пластичните садови!
Едноставно наполнете ја тубата (диспензерот) со храна и затворете ја. Храната ќе остане внатре во силиконската туба која не протекува додека не дојде време за ужина. Отстранете го капакот и нежно притиснете ја тубата за да истече храната во лажичката.
Електрична Турпија
Haakaa сетот за нега на нокти ви овозможува безбедно да ги скратите ноктите на вашето бебе без потреба од остри ножици или машинки! Нашиот мал апарат го елиминира ризикот од гребнување на кожата на вашето дете.
Електричната турпија има две насоки на ротација и брзини за да одговараат на вашите потреби. Тивка е и со LED светло за да може и ноќе да ја употребувате!
Прикачете го додатокот погоден за возраста на вашето дете и постепено кратете ги ноктите. Ноктите на вашето бебе ќе бидат мазни и без остри рабови што може да ја изгребат нивната нежна кожа. Вклучивме и метална подлога и конус за да можат и родителите да ги средат ноктите!
Содржи:
Електрична турпија за нокти
x6 додатоци за турпијата
Сад за складирање
Потребни се x2 AA батерии (не се вклучени)
Капаче за Пумпа
430.00 ден – 540.00 денАко сакате да ја заштитите вашата Haakaa пумпа за гради од случајно излевање и да го зачувате вашето скапоцено мајчино млеко безбедно, капачето на Haakaa е идеално решение. Направено од 100% прехранбен силикон, нашето капаче за пумпа безбедно се вклопува на врвот и ја затвара вашата пумпа за да ја одржува без прашина и да остане чиста меѓу употреби!
Модла за Замрзнување Млеко
Сладолед за вашето бебенце!
Силиконската модла на Haakaa е лесен и забавен начин да го навикнете вашето малечко само да јаде! Одличен начин да го замрзнете мајчиното млеко, да го ставите во цуцла за храна и вашето бебе ќе има вкусен оброк, а така ладно може и да помогне кога има болки при никнување нови запчиња. Исто така може да се користи и за печење во рерна (до 220 ℃)
Димензии: 217 x 118 x 26 mm
Секоја модла има девет прегради (по 10мл) и вклучува капак.
Силиконска Модла за Леден Сладолед
Разладете ги вашите најмали ова лето со нашата силиконска модла за сладолед! Совршен начин да создадете домашни и здрави сладоледи, без контаминација што доаѓа со конвенционалните пластични калапи за мраз.
Направена од 100% силикон за храна, нашата практична модла е безбедна за миење во машина за садови и отпорна на топли и ниски температури. Бидете креативни и наполнете го со која било вкусна комбинација што можете да ја замислите. Измешајте овошје со грчки јогурт, сок со сечкано овошје, путер од кикирики со бадемово млеко, кокосова вода со боровинки – можностите се бесконечни! Можете да додадете и зеленчук за пребирливите мали јадачи во вашиот дом.
Модлата е исто така супер практична за домашна храна за бебиња и мајчино млеко! Наполнете ја модлата со доволно храна за оброк и замрзнете рамно.
Сите модли доаѓаат со сопствен капак што цврсто се затвора, што ги прави совршен мал сад за грицки и јаткасти плодови во движење.
Забелешка: Цврстата храна се препорачува за бебиња на возраст од 4-6 месеци и постари. Ве молиме консултирајте се со вашиот доктор или медицински професионалец доколку порано воведувате цврста храна. Поради природните својства на силиконот, овој производ може да ја изгуби бојата со текот на времето ако е изложен на силни бои.
Капацитет од 100 мл
Силиконска Четка за Коса
630.00 ден – 790.00 денHaakaa силиконската четка за коса е совршена мултифункционална алатка која помага да се грижите за вашето малечко додека го бањате, а и после тоа! Направена од многу мек силикон, нежна дури и за најчувствителната кожа – може да се користи за чистење на вашето тело, миење на косата, како релаксирачки масажер за скалпот или како четка за коса за внимателно отплеткување на прамените. Исто така, неверојатно добро помага со корупчињата на главата на бебчето! Всушност, оваа четка е толку разновидна што можете дури и да ја користите низ куќата како четка за чистење кога веќе нема да ви биде потребна за нега на вашето бебе.
Цуцла за Хранење
1,300.00 денHaakaa цуцлата за храна е совршен начин безбедно да му воведете нови вкусови на вашето бебе. Направена е од 100% силикон, издржлива и лесна за чистење.
Haakaa цуцлата е лесна за составување и употреба! Едноставно ставете овошје или зеленчук во силиконската цуцла и затворете. Можете исто така да замрзнете храна директно во неа.
За да го направите ова, едноставно ставете ја силиконската навлака на цуцлата, истурете течност (како мајчиното млеко или пасирана храна), затворете со капачето и замрзнете! Вашето малечко ќе ужива во способноста да искуси нови вкусови и текстури, а исто така ќе гради независност, ќе научи да се храни само и ќе ја подобри нивната координација рака-око и фини моторни вештини.
Четка за заби 360°
600.00 ден – 750.00 денHaakaa силиконската четка за заби 360° е дизајнирана да му овозможи на вашето малечко темелно и ефективно чистење на забите и непцата. Меките силиконски влакна чистат 360°, отстранувајќи повеќе наслаги од обичните детски четки за заби!
Нашата четка за заби 360° е направена од мек 100% прехранбен силикон и е потполно безбедна за бебиња, масирајќи ги и чистејќи ги нивните нежни нови непца и запчиња. Исто така е со лепливото дно и нема да паѓа. Тоа е совршена четка за започнување на грижата за забите на вашето дете и одличен начин да ги поттикнете да ги четкаат и всадат добрите забни хигиенски навики уште од мали нозе.
Четка за Миење
Чистете и грижете се за вашите производи и тие на вашето бебенце со силиконската четка за миење на Haakaa! Нашата четка ќе ви помоге ефикасно да ги исчистите сите ваши основни работи, оставајќи ги безбедни и хигиенски.
Нашата силиконска четка со двоен крај има меки и флексибилни силиконски влакна кои обезбедуваат чистење од 360° за сите ваши предмети. На едниот крај, главата на четката е совршена големина за чистење на вашите пумпи, шишиња и кеси за складирање млеко, а на другиот крај има четка со аголен врв за да стигне до аглите на
вашите цуцли од шишиња, Бубамарите и друго!
Четки за Заби за Прст – Сет
Започнете ги оралните хигиенски навики на вашето малечко со Haakaa четката за заби за прст! Специјално е дизајнирана да всади позитивни и важни навики за дентална хигиена кај вашето дете уште од рана возраст.
Нашата четка е направена од 100% супер мек силикон и го навикнува вашето дете на чувството на миење заби, така што четкањето ќе стане забавен и суштински дел од секојдневниот живот. Се одликува со две различни површини – мек силикон и поцврсти силиконски навртки – за да се овозможат повеќе опции за чистење и смирување на деликатните нови запчиња и непце.

Пумпи
Колектори
Производи за Нега
Додатоци

Глодалки
Цуцли Лажливки
Хигена и Нега

Шишиња
Чашки
Цуцли и Диспензери за Хранење
Чинии и Прибори
Цуцли за Шишиња
Чување Млеко и Храна




