Haakaa Глодалка – Топка

SKU: MHKGLT

Силиконската глодалка топка на Haakaa е совршена алатка при никнување првите забчиња. Лесна за држење, мека и силиконска – доволно тенка за да се вклопи во устата на вашето бебе. Исто така може да ја ставите во замрзнувач за да обезбедите дополнително олеснување и ладење на болно непце!

Нашата специјално дизајнирана топка за заби е без BPA, одобрена од FDA и направена од еластичен прехранбен силикон. Силиконот е хипоалергичен и непорозен материјал, што го прави безбеден за никнување на забите. Дизајнот со нерамна површина помага да се развијат моторните вештини на вашето бебе, истовремено обезбедувајќи безбедно, смирувачко дејство.

Димензии: прибл. 10см дијаметар

460.00 ден – 550.00 ден

Кафеаво-црвена
Розева
Сива
Достава

Нарачките се доставуваат за 1-3 работни дена. Доставата е бесплатна за нарачки над 1999 ден.

Грижа за производот

Пратете ги насоките наведени во описот за грижа, чистење и оддржување на производот.

Опис

Карактеристики
  • Направено од 100% прехранбен силикон кој е безбеден за мали усти.
  • Мека, флексибилна и издржлива за малите рачиња.
  • Нерамната површина ги масира и ги смирува забите и непцата на вашето дете.
  • Лесна за држење и го забавува малечкото.
  • Помага во развојот на фини моторни вештини и го поттикнува сетилниот развој.
  • Лесна нега – се стерилизира во вричка вода!
  • Едноделен дизајн без спојници, пукнатини или рабови – нема простор за бактерии.
  • Безбедно да се стерилизира.
  • Безбедно да се мие во машина за садови.
  • Без БПА, ПВЦ и фталати.
  • За 6 месеци +.
Чистење и нега

Измијте пред и по секоја употреба. Препорачуваме рачно миење во топла вода со сапуница и темелно испирање и сушење. Не користете никакви средства за чистење или таблети базирани на белило за стерилизирање или чистење на вашите Haakaa производи. За стерилизација употребувајте стерилизатор на пареа или ставете во вриечка вода 2-3 минути.

Внимание

Редовно проверувајте ја состојбата на производот. Заменете го производот ако покажува знаци на оштетување. Не чувајте во близина на остри предмети. Не го користете производот за ништо друго освен за наменетата употреба. Да се користи под надзор на возрасен!

За Брендот

Haakaa

Нов Зеланд

Haakaa е семејна компанија од Нов Зеланд која произведува безбедни, производи за бебиња и доилки. Сите производи се направени од еколошки материјали како што се силикон, нерѓосувачки челик, стакло, бамбус и природна гума за да помогнат во заштитата на животната средина за иднината на нашите деца.

Бреднот е претпознатлив по најнаградуната и продаваната оргинална рачна пумпа за измолзување, но и колекторите и останатите уникатни производи.

Haakaa со години помага на мајки и доилки ширум светот полесно да се справат со мајчинството, токму затоа и мотото на брендот е "За поедноставно мајчниство!"

Мислења од купувачи

0 мислења
0
0
0
0
0

Нема мислења сеуште.

Бидете први кои ќе го оцените “Haakaa Глодалка – Топка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *